Skip to content

Month: октомври 2014

SEEMORE Central European Transfer Seminar

Претставници од 16 туристички дестинации во 7 земји: Лече и Тирана (Албанија); Тузла и Бања Лука (Босна и Херцеговина); Софија (Бугарија); Задар и Видин (Хрватска); Штип и Охрид (Македонија); Бау и Букурешт (Романија);  Нови Сад, Сремски Карловци, Аранџеловац и Белград (Србија) на 30ти Октомври земаа учевство на вториот SEEMORE Central European Transfer Seminar.

Прочитајте повеќе

XXI Собрание на Градоначалниците од Брегалничко-Струмичкиот Регион

На ден 21.10.2014 година (вторник), со почеток во 12:00 часот,во хотел „Романтик“, општина Дојран,  се одржа XXI(дваесет и првото) Регионално Собрание на Градоначалниците од „Брегалничко - Струмичкиот Регион”.

На Собранието беа присутни Градоначалниците од Источниот и Југоисточниот плански регион, Раководителите на Центрите за развој на Источниот и Југоисточниот плански регион, претсавниците од ГИЗ-РЕД Програмата во Република Македонија, претставници од Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори,  Државниот  секретар на Министерството за Локална Самоуправа  и претствници од Бирото за Регионален Развој.

Прочитајте повеќе

Отпочна изработката на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2015-2024)

Во рамките на овој проект како прва активност е изработка на: „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источниот плански регион“. За изработка на оваа Студија, од страна на експертскиот тим од фирмите IDEAО.К и Balkan Development Solutions (BDS), и  Центарот за развој на Источен плански регион беше организирана рабoтилница за анализа на просторот на регионот од аспект на природните карактеристики и создадените вредности по однос на културните ресурси.

Ова е прва работилница на групата на засегнати страни од Источниот плански регион во делот на предвидените активности за изработка на Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источниот плански регион. Подготовката на Студијата е проектна активност  во рамки на проектот за изработка на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со Акционен план (2015-2024).

Прочитајте повеќе

Управен одбор на проектот ПЗП и ПУРС Брегалница

1. Одржан четврти состанок на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Македонија

На 2-ри октомври 2014 година (четврток) во хотел „Манастир„ во Берово, со почеток во 11.00 часот се одржа четвртиот состанок на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Македонија.  Главна цел на оваа Програма  (проект) која се  спроведува во Источниот плански регион и горниот дел од Брегалничкиот слив, е да се зачува биолошката разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивното одржливо управување и искористување. Времетраењето на проектот е 4 (четири) години со буџет од 4,00 милиони CHF и се спроведува веќе втора година во координација со Helvetas Swiss Intercooperation ифармахем од Скопје.

Прочитајте повеќе

Втора работилница за ревизија/подготовка на Програмата за развој на Источен плански регион (2015-2019)

На ден  02 и 03.10.2014 година, во хотел Изгрев во Штип, Центарот за развој на Источен плански регион одржа втора работилница за ревизија/подготовка на Програмата за развој на Источен плански регион (2015-2019). Ревизијата на програмата се спроведува согласно член 12 од Законот за регионален развој (сл. Весник бр. 63/2007) и Правилникот за методологијата за изработка на планските документи за регионален развој , Сл. Весник на РМ 102/2009 година.

Прочитајте повеќе

Одржана XI (единаесетта) седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион на ден 03.10.2014година, во општина Зрновци, ја одржа својата XI(единаесетта) седница. На седницата како позначајни точки по кои се расправаше беа:

Прочитајте повеќе