Skip to content

Category: Седници

Одржана X (десетта) седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион на 13 јуни 2014 година во општина Чешиново-Облешево, ја одржа својата X (десета) седница, последна пред почетокот на летните одмори. Наредната редовна седница ке биде закажана во месец септември во општина Карбинци. На седницата како позначајни точки по кои се расправаше беа:

Прочитајте повеќе

Деветта (IX) седница на Советот за развој на Источен плански регион

На  09 мај 2014година (петок) во општина  Македонска Каменица (Манастирски комплекс „Покров на Св. Богородица“ во месноста Еленец кај село Цера), со почеток во 13:00 часот, се одржа деветтата (IX) Седница на Советот за развој на Источен плански регион.

На седницата покрај градоначалниците од Источниот плански регион и Центарот за развој на Источен плански регион, присуствуваше и градоначалникот на општина Свети Николе Г-дин Зоран Тасев, претставници од фирмата КАЛИОПА од Р. Словенија како реализатори на проектот Воспоставување на Географско информационен систем во опоштините од Источен регион, претставници од фирмата ФАРМАХЕМ Скопје како Национален координатор на проектот Програма за зачувување на природата во Македонија (течението на река Брегалница), претставници од проектот Управување со речниот слив на реката Брегалница и претставниците од Македонско-Бугарската стопанска комора.

Прочитајте повеќе

7ма Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион на ден 07.02.2014 година (петок) во општина Пробиштип ја одржа својата Седма (VII) Седница. Позначајни точки на дневниот ред беа: Донесување на Годишен
Прочитајте повеќе

Oдржана осумнаесетта редовна (XVIII) Седница на Советот за развој на Источниот плански регион

На 07 март 2011 година одржана е осумнаесетта редовна (XVIII) Седница на Советот за развој на Источниот  плански регион. На дневен ред беше: 1. Усвојување на записникот од XVII-тата Седница
Прочитајте повеќе

Четиринаесетта (XIV) Седница на Советот за развој на Источниот плански регион

altНа 17 септември 2010 година (петок), во општина Кочани (Осоговски планини, туристички комплекс “Пониква”),  со почеток во 14:00 часот се оддржа четиринаесеттата (XIV) Седница на Советот за развој на Источниот плански регион. Пред почетокот на седницата Претседателот на Советот и Градоначалник на Општина Кочани, Г-дин Ратко Димитровски, присутните ги покани на свчено отварање на нови простории за едношалтерски систем во општинската зграда на Општина Кочани.

Прочитајте повеќе

XIII (тринаесеттата) редовна Седница на Советот за развој на Источниот плански регион

altНа 02.07.2010 година ( петок ) во општина Радовиш се одржа XIII (тринаесеттата) редовна Седница на Советот за развој на Источниот плански регион со следниот Дневен ред:

Прочитајте повеќе

Одржана XIIтата Седница на Советот за развој на Источен плански регион

altВо планинарскиот дом „Вртешка“  на планината Плачковица се одржа XIIтата редовната Седница на Советот за развој на Источен плански регион каде почесен гост беше и Министерот Јакупи кој зборуваше за  тековните активности на МЖСПП а altповрзани со воспоставувањето на регионалениот систем за управување со отпад во Источниот плански регион. Во оваа насока Г-ѓа Даринка Јантинска Раководител на Секторот ИПА при МЖСПП која присуствуваше на седницата даде целосен увид во „Зајакнување на административните капацитети на регионално и локално ниво“. Консултантите од ЕУ ќе бидат присутни во регионот од Јуни 2010 до Јуни 2011 година.

Прочитајте повеќе

Седмата Седница на Советот за развој на Источниот плански регион

altНа 22.12.2009 година (вторник), во Салата на општина Македонска Каменица, се одржа Седмата Седница на Советот за развој на Источниот плански регион.

На седницата се дискутираше за фазата за реализација на активностите предвидени во Акцискиот план за основање на меѓуопштинско (регионално) јавно претпријатие за управување со отпад во Источниот плански регион. Се констатира дека нареден чекор од Акцискиот план е регистрацијата на МЈП ,,ДЕПОНИЈА ИСТОК”.

 

Прочитајте повеќе

Одржана петта редовна Седница на Советот за развој на Источен плански регион

altСоветот за развој на Источниот плански регион на 02.09.2009 година (среда) ја одржа својата 5 (петта) редовна седница во Делчево.
Со Седницата претседаваше Претседателот на Советот за развој на Источниот плански регион Г-дин Ратко Димитровски Градоначалник на Општина Кочани. На Седницата присуствуваа сите градоначалници од Источниот плански регион, Раководителот на Центарот за развој на Источниот плански регион и консултантот на Центарот д-р Денис Жерновски.

 

Прочитајте повеќе

Четврта Седница на Советот за развој на Источен плански регион

altНа 06.07.2009 година во мотел „Слив“-Виница, Советот за развој на Источен плански регион, ја одржа својата четврта Седница. 
Главна точка на дневен ред беше расправата по можни Предлог-проекти поднесени од страна на Центарот за развој на Источен плански регион и Единиците на Локална Самоуправа, со цел определување приоритети кои би биле предмет на понатамошна разработка и имплементација.

Прочитајте повеќе