Информативен настан за отворен повик за проектни предлози во рамки на билатералната развојна соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија

На ден 18.07.2022 година се  одржа информативен настан во Клубот на пратеници во Скопје, во организација на  Амбасадата Република Словенија и Секретаријатот за европски прашања на Република С. Македонија, во врска со  објавениот повик за проектни предлози во рамки на билатералната развојна соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија.  На настанот презентација имаа  Директорката на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија Г-ѓа Мојца Копша,  Раководителот на Сектор за развојна и хуманитарна помош при Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Г-дин  Роберт Кокаљ и  воведно обраќање имаше Г-ѓа Дрита Абдиу Халили, Државна секретарка при Секретаријатот за европски прашања. Република Северна Македонија и Република Словенија имаат успешна билатерална развојна соработка, во рамки на која се спроведени бројни активности на техничка соработка, поврзана со подршка на евроинтегративниот процес, како и значајни инфраструктурни проекти насочени кон унапредување и подршка на социо-економскиот живот. Ваквата соработка продолжува и во идниот период со можност за подршка и кофинансирање на проекти во Северна Македонија кои ќе придонесат кон нашите развојни цели. Воедно, на состанокот беше Потпишан договор меѓу општина Охрид и ЦМРС за словенечко кофинансирање на реновирањето на филтер станицата Охрид.

Галерија

Потпишан Договор во Струмица за пристапен земјоделски пат

На ден 07.07.2022 година беше потпишан Договор за пристапен земјоделски пат во Делчево , со кој од страна на МЗШВ преку Центарот за развој на ИПР на Општина Делчево ѝ се доделени 1,85 милиони денари за рехабилитација на земјоделски пат во месноста Долни Бавчи. Патот е во должина од 1000 метри и води од мостот на ул. „Индустриска“ покрај реката Брегалница во месноста Долни Бавчи. Ова значи дека земјоделците во месноста Долни Бавчи ќе добијат соодветна патна инфраструктура, полесен пристап до земјоделските површини или до нивните објекти.Сведоци бевме дека при поројни дождови беше оневозможено движењето со возила и со земјоделска механизација до земјоделското земјиште на овој терен и сега го решаваме овој проблем.  

Галерија

Посета на Амбасадор на Р.Швајцарија

На ден 06.07.2022 година Амбасадорот Хулман на Р.Швајцарија го посети Источно планскиот регион за да се сретне со засегнатите страни и да ужива во прекрасната природа во овој регион. Р.Швајцарија повеќе од 15 години го поддржува Источниот регион, придонесувајќи за подобрување на квалитетот на водата и еколошката состојба на регионот, одржливо управување со природните ресурси, обезбедување социо-економски придобивки за локалното население и подигање на јавната свест за прашања поврзани со животната средина. Веќе може да се видат некои од клучните резултати – чиста вода во реката Брегалница како резултат на пречистителната станица за отпадни води во Кочани, одржливото производство на мед на Меден Исток, еко-етно паркот Чешиново, како и заштитениот предел „Осоговски Планини“.

Галерија

Склучен Договор за „Рехабилитација на полски пат во село Вирче во Општина Делчево (завршеток на траса)“

На 13.06.2022 година, во општина Делчево, Центарот за развој на источен плански регион од Штип Склучи договор со ДПГ СД- ТРАНС ДООЕЛ,- с. Звегор, Општина Делчево за реализација на проектот ,,Рехабилитација на полски пат во село Вирче во Општина Делчево (завршеток на траса),, во рамки на: „Подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба на пристапни патишта во подрачјата со земјоделска дејност и обработлива површина во Источен плански регион“. Овој проект е финансиран од Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделието и руралниот развој за 2021 година. Со овој Договор, се реализира, втора фаза од проектот во должина од 320 метри, како резултат на заштедени средства од првата фаза. Со реализацијата на двете фази, ќе се добие полски пат со должина од 1.320 метри, при што ќе се овозможи на земјоделците да пристапат до своите обработливи површини од две старани, низ центарот на с. Вирче, и по локалниот пат с. Вирче, с. Град во општина Делчево.

Галерија

Одржана VI (Шестата) Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион, на ден 28.04.2022 година, во општина Делчево, ја одржа VI (Петтата) Седница. На Шестата Седница беше донесена следната Одлука:
  1. Одлука за утврдување на Листа на предлог – проекти за развој на Источен плански регион, за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година.
На Седницата беше презентиран и проект за автомати за рециклирање на пластичен отпад (шишиња), како дел од проектите за рециклирање на пластичен отпад на Програмата која Швајцарската Амбасада ја води преку СДЦ каде главен партнер е ПАКОМАК. Имаше и информација за приоретизирани концепт решенија на втората форумска сесија за избор на проекти од Грантовата шема на СДЦ/ МЛС “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза”, како информација за обврски на општините за тековно работење на Центарот за 2020 година и 2021 година.

Галерија

Одржана V (Петтата) итна Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион, на ден 14.04.2022 година, во општина Штип, ја одржа V (Петтата) итна Седница.

На Петтата итна седница беа донесени следните Одлуки:

  1. Одлука за поддршка на концепт решенија за аплицирање по претстојниот повик за користење на средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година;
  2. Одлука за спојување на концепт решенија;
  3. Одлука за утврдување на Листа на приоритетни концепт решенија;
  4. Одлука за преотстапување на изграден објект „Рехабилитација на полски пат во село Вирче, општина Делчево“

На Седницата имаше и дискусија во врска со очекувањата и предизвиците од идното студиско патување во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“, со странски експерт и претставници на проектната единица.

На седницата беа презентирани концепт решенијата, како фаза четири од начинот на организирање и спроведување на регионални консултации – форуми за утврдување на Предлог – листа на проекти за развој на планските региони, за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година.

Имаше и презентација на предложените концепт решенија, како четврти чекор од Упатството за начинот на организирање и спроведување на регионални форуми на заедницата за проектите од Грантовата шема на СДЦ/ МЛС “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза”.

Галерија

Одржана Четврта Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион, на ден 29.03.2022 година, во општина Виница, ја одржа Четвртата Седница.

На Четвртата седница беа донесени следните Одлуки:

  1. Одлука за усвојување на Годишниот Извештај за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2021-2026 за 2021 година;
  2. Одлука за усвојување на Годишниот Извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2021 година;
  3. Одлука за давање на позитивно мислење и усвојување на завршната сметка на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2021 година;
  4. Одлука за давање на позитивно мислење и усвојување на завршната сметка на Проектот ,,Програма за зачувување на природата во Македонија – фаза 2”  за 2021 година;
  5. Одлука за давање на позитивно мислење и усвојување на завршната сметка на Проектот ,,Одржив и инклузивен рамномерен регионален развој  – I фаза” за 2021 година;
  6. Одлука за давање на позитивно мислење и усвојување на завршната сметка на Проектот ,,Културен мост низ вековите”  за 2021 година;
  7. Одлука за давање на позитивно мислење и усвојување на завршната сметка на Проектот ,,Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина” за 2021 година.

На Седницата беше дадена и Информација за одржливо управување со резултатите  на проектот „Набавка на Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина во ИПР“- I фаза

Галерија

Одржана „Визонерска работилница“ во Источниот плански регион

На 24.03.2022 година, во Хотел Изгрев во Штип, се одржа првиот серијал „Визонерски работилници“ за креирање Националната развојна стратегија, со цел да ја исцртаме иднината на нашата држава. Преку овие работилници се дава можност на секој граѓанин да може директно да се вклучи во процесот на креирање заедничка визија за развојот на нашата држава во периодот до 2042 година. На работилницата беа опфатени следните теми:
  • ИНФРАСТРУКТУРА (Транспортна инфраструктура, управување со води и инфраструктура за води, информациски и комуникациски технологии и широкопојасна инфраструктура, просторно планирање )
  • ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЕНЕРГИЈА (животна средина, климатски промени, биолошка разновидност, енергетски систем, управување со отпад)
  • РАСТ (Трговија и конкурентност, владеење на правото, економски развој, јавно финансирање и фискална политика, земјоделство, туризам, култура)
  Работилницата беше масовно посетена со присуство на околу 200 учесници, со разлчна возраст, етничка и верска припадност, образование, општина итн.

Галерија

Започнаа градежните активности за изградба на фекална канализација и пречистителна станица во с. Лесново

Договорот со избраниот најповолен понудувач Кими-Ибра ЈТД Кичево за реализација на проектот „Изградба на фекална канализација во с. Лесново, општина Пробиштип (фекална канализација крак 1 и крак 2 и пречистителна станица)“ беше потпишан на 9 март 2022 година.

Во просториите на општина Пробиштип, на 16 март 2022 година во присуство на градоначалникот Драган Анастасов и директорот на Центарот Зујица Ангелова, изведувачот беше воведен во работа од страна на надзорниот инженер со што и официјално започнаа градежните активности за изградбата на фекална канализација со пречистителна станица во с. Лесново.

Проектот е во вредност од околу 3.8 милиони денари и ќе се реализира со финансиски средства обезбедени од Бирото за регионален развој во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2021-2022 година, како и со дополнително кофинансирање од страна на Општина Пробиштип.

Со реализацијата на овој проект ќе се придонесе за решавање на проблемот со фекалната канализација во с. Лесново и ќе се направат чекори за почиста животна средина во најпрепознатливиот белег на општина Пробиштип.

Крајниот рок за реализација на проектот е заклучно до месец ноември 2022 година.

Паметна специјализација

Прва од серија планирани настани, обуки и работилници беше организирана на 15.03.2022 година во Хотел Изграв Штип на тема: Паметна Специјализација (Smart Specialization). Оваа работилница беше наменета и зедоа учество претставници јавниот, приватниот, граѓанскиот и академскиот сектор од Источниот регион. На работилницата за презентација на темите беа користени ПП презентации, аудио визуелни материјали и видеа, низ кои беа претставени терминот на паметна специјализација и нејзината релевантност кон креирање на политиките за економски развој како и кои се чекорите за изработка на стратегија за паметна специјализација на национално ниво.

Галерија