На 17-ти Јануари во просториите на Центарот за развој на Источниот плански регион се одржа вториот координативен состанок во врска со проектот „Прекугранична образовна мрежа за деца со посебни потреби“, кој се имплементира од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион, како водечки партнер од Р. Македонија и општина Гоце Делчев, како партнерска институција од Р. Бугарија, а е дел од Програмата за Прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија – Р. Бугарија, бр.2007CB16IPO007-2009-1. Проектот започна со имплементација од 20.05.2011 година. Истиот овозможува размена на искуства и комуникација помеѓу институциите од двете страни на границата и заедничко користење на расположливите капацитети за третман на децата со физички хендикеп. Веб порталот и Студијата, ќе ги анализираат и мапираат потенцијалите и можностите на институциите од различен карактер кои работат на рехабилитација на деца со пречки во физичкиот развој, ќе се создаде заеднички информативен систем.
Continue readingЦентарот за развој на Источен плански регион – Штип, во рамките на проектот “Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст” 2007CB16IPO007-2009-1-12, проект финансиран од страна на Европската унија, IPA Cross-Border Programme CCI Number 2007CB16IPO007, и истиот се импелментира на територија на Источниот плански регион во Р. Македонија и Областа Благоевград од Р.Бугарија од 17-18 Јануари, 2012 година, во хотел “Центро бизнис”, Виница одржа:
Continue readingЦентарот за Развој на Источен Плански Регион–Штип, на 27 Декември, 2011 година, (вторник) во хотел “ИЗГРЕВ”, Штип, организираше:
Семинар за Европски стандарди и деловна соработка
(Република Македонија – Република Бугарија)
Од проектот: „Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст”, 2007CB16IPO007-2009-1-12, проект финансиран од ИПА, Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија 2007 – 2013, CCI Number 2007CB16IPO007.
Continue readingЦентарот за развој на Источен плански регион – Штип, во рамките на проектот “Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст” 2007CB16IPO007-2009–1-12, проект финансиран од страна на Европската унија, IPA Cross-Border Programme CCI Number 2007CB16IPO007, и се импелментира на територија на Источниот плански регион во Р. Македонија и Областа Благоевград од Р.Бугарија на 09-10 Декември, 2011 година, во хотел Изгрев, Штип одржа
Continue readingВо рамките на проектот “Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст”, финансиран од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија, во Штип од 11-12.11.2011 година, се одржа првата Контактна средба за градење партнерска мрежа за соработка помеѓу Институциите кои нудат поддршка на бизнис секторот во прекуграничниот регион. Основна цел на проектот е подобрувањето на бизнис климата во овој регион преку унапредување на бизнис соработката на компаниите како и преку развој на нови бизнис услуги и иновативен начин на промоција на компаниите.
Центарот за Развој на Источен Плански Регион – Штип, на 09 Ноември, 2011 година, во хотел “ОАЗА”, Штип ја одржа првата прес-конференција за проектот:
19 декември Ден на градот – Патрон на општина Штип, Центарот за развој на Источниот плански регион заедно со 11 општини од регионот, овој ден го прогласи и за „Промотивен ден на Источниот плански регион“. Во Штип сите 11 општини ги претставија своите потенцијали пред граѓаните од Штип и регионот како и можните инвеститири.
На 17 и 18 декеври 2011 година во организација на МЛС и Центарот за развој на Источниот плански регион во чиј состав влегуваат 11 општини од регионот во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Стопанската комора на Република Македонија, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, општина Штип и Советот за развој на Источниот плански регион се одржа држа првиот „Саем на трудот“ на локација Безистен – Штип.