Регионални форуми на заедницата

Центарот за развој на Источен плански регион го започна процесот на Регионални форуми во заедницата кој е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Денес, на 11.03.2022 година се одржа првата форумска сесија каде што учесниците имаа можност да идентификуваат и дефинираат приоритетни регионални проблеми поврзани со две проритетните области.

Центарот за развој на Источен плански регион добива финансиска поддршка за спроведување на проекти во рамки на:

Грантовата шема (2022-2025) во рамки на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” – фаза 2 финансирана од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Програмата за регионален развој за 2022 со индикативни средства за 2023 година финансирана од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

Активното партиципирање на учесниците на форумот во Источниот плански регион е од особено значење за успешна реализација на регионалниот форумски процес. 

Галерија

Одржана Трета Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион, на ден 07.03.2022 година, во Мултикултурниот Центар во Кочани, ја одржа Третата Седница.

На третата Седница Советот за развој на Источен плански регион, го верификува мандатот на Г-ѓа Јасминка Пашалиска – Андоновска,  Претседател на Здружение за рурален развој Локална Акциона Група МАЛЕШ – ПИЈАНЕЦ с.Негрево Пехчево, член во Советот за развој на Источен плански регион – претставник од здруженијата, без право на глас.

На Седницата присуствуваше и Заменик Министерот при Министерство за животна седина и просторно планирање Христина Оџаклиеска и Неби Реџепи – Раководител на Сектор за просторно планирање при МЖСПП кои ги информираа присутните за легислативата за изработка и донесување на Просторен План на Република Северна Македонија.

На Седницата присуствуваше и Душица Т.Анѓелковиќ Раководител на Сектор за просторно планирање при Агенција за просторно планирање која информираше за методологијата и видови на документи потребни како документациона основа за изработка на Просторен План на Република Северна Македонија.

Со Директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи се дискутираше за начинот на организирање и спроведување на регионални форуми на заедницата за проекти од Грантовата шема на МЛС/СДЦ „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза“, како и за начинот на организирање и спроведување на регионални форуми за утврдување на Предлог – листа за финансирање на проекти за развој на планските региони од Програмата 2022/2023. 

Галерија

Конститутивната седница за формирање на Меѓуопштински одбор за управување со отпад во Источен плански регион

На ден 10.02.2022 година (четврток) во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров” во Штип, се одржа Конститутивната седница за формирање на Меѓуопштински одбор за управување со отпад во Источен плански регион. Меѓуопштински одбор за управување со отпад го сочинуваат градоначалниците од општините од Источниот плански регион и Градоначалникот на општина Свети Николе. Веднаш по конституирањето на Меѓуопштинскиот одбор се пристапи кон избор на Претседавач на одборот. За Претседавач со Меѓуопштинскиот одбор беше избран Градоначалникот на општина Карбинци г-дин Виктор Паунов. Мандатот на Претседавачот е во траење од една година. По изборот на Претседавач се пристапи кон првата седница на Меѓуопштинскиот одбор на која беа дадени информации за:
  1. Состојбата и степенот на реализација на проектите за воспоставување на интегриран систем за управување со отпад во Источен плански регион;
  2. Постапката на регистрирање и основање на Заедничкото јавно претпријатие за регионално управување со отпад ЗЈПРУО „ЕКО ИСТОК- СЕВЕРОИСТОК ” Свети Николе;
  3. Состојбата за ликвидација на Меѓуопштинското јавно претпријатие за управување со отпад во Источен плански регион Депонија ИСТОК Штип- назначено лице адвокат Драган Паневски од Свети Николе и др.

Галерија

Покана за јавна расправа

Во рамки на ,,ИНТЕРРЕГ – ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021 – 2027’’ Министерството за локална самоуправа ќе одржи јавна расправа, која за Источниот плански регион ќе се одржи на 08.02.2022 година, во х. Изгрев во Штип во 11 часот, со цел да ѝ се овозможи на целата засегната јавност да УЧЕСТВУВА и да даде свој придонес во однос на подготвениот:

Нацрт Извештај за оцена на животната средина за проекти во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027 и Нацрт Територијалната стратегија за интегрирани мерки

Со цел да им се овозможи на сите засегнати страни да учествуваат, Јавната расправа е отворена за јавноста.

Гореспоменатиoт нацрт извештај и документите на кој истиот се однесува, е достапен на официјалните веб-страни на:

  • Министерството за локална самоуправа mls.gov.mk (македонски, албански и англиски јазик)

ИНТЕРРЕГ – ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија www.ipa-cbc-007.eu

Одржана конститутивна седница на Советот за социјална заштита на Источен плански регион

На ден 24.12.2021 година во ОМЦ „Киро Глигоров“ во општина Штип се одржа конститутивната седница на Советот за социјална заштита на Источен плански регион.

Согласно Законот за социјална заштита, конститутивната седница беше свикана по иницијатива на градоначалникот на општина Штип г-дин Иван Јорданов, а на која беа присутни градоначалниците на општините во состав на Источниот плански регион и директорите на Центрите за социјална заштита.

На конститутивната седница беше донесен деловникот за работа на новото тело кое ќе работи посветено на исполнување на обврските предвидени со Законот за социјална заштита. Едногласно, за претседател на овој Совет, со мандат од една година без право на реизбор, беше избран градоначалникот на општина Кочани г-дин Љупчо Папазов.

Воедно, на седницата се презентираше и усвои Предлогот за потребата од развивање на социјални услуги во Источен плански регион, видот и начинот на воспоставување на услугите во 2022 година. Предлогот беше изработен во соработка со општинските администрации и Центрите за социјална работа и ги содржи релевантните, итните и неопходните потреби за подобрување на ситуацијата со социјалната заштита во регионот.

Предлогот ќе биде доставен до Министерството за труд и социјална политика, така што ќе претставува основа за реализација на проекти од доменот на социјалната заштита во 2022 година.

Одржана втора седница на Советот за развој на Источен плански регион

На ден 24.12.2021 година во ОМЦ „Киро Глигоров“ во општина Штип се одржа втората седница на Советот за развој на Источен плански регион.

На Седницата беше донесен акциониот план за споведување на Програмата за развој на Источен плански регион за 2022 година, како и се даде усвои финансискиот план на Центарот за развој на Источен плански регион за 2022 година.

Воедно, беше дадено и позитивно мислење по измените и дополнувањата на Правилникот за систематизација на работните места и се донесе Одлука за измени и дополнувања на Одлуката за внатрешната организација на стручната служба на Центарот за развој на Источен плански регион, со што актите за работа се усогласија со новото законско решение.

На Седницата беа присутни и претставници од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, кои што ги претставија целите и очекувањата од втората фаза на имплементација на проектот.

Директорот на Бирото за регионален развој даде осврт за доделените Договори за реализација на проекти од Програмата за регионален развој за 2021-2022 година, со акцент на измените по кои ќе се одвива и следи имплементацијата на одобрените проекти за реализација во следната година.

Галерија

Информативен состанок на Националната платформата за женско претприемништво

На ден 21.12.2021 година (вторник), во просториите на Центарот за развој на Источен плански регион се оддржа информативен состанок на Националната платформа за женско претприемништво.

На состанокот присуствуваше  г-ѓа  Валентина Дисоска, менаџер на проектот и претседател на „Национална платформа за женско претприемништво“,г-ѓа Мими Шушлеска Петкова, координатор за градење на капацитети во НПЖП, г-ѓа Невенка Лонгурова Гирова, локален координатор и претставници од ЦРИПР.

Главната цел на  информативниот состанок е подетално запознавање со мисијата на проектот, неговите компоненти и цели на долгорочен план, како и заедничко планирање и иницијални технички подготовки за претстојни активности кои се стремиме да ги реализираме во блиска иднина благодарение на заедничката соработка.

Националната платформата за женско претприемништво, се воспоставува преку проект кофинансиран од Европската Унија, а се спроведува од Здружение на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР.

Креирањето на Национална платформа за женско претприемништво (НПЖП), произлегла од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба на женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја. Главната цел на проектот е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавна политика и застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

Целта е институцијата која се води да може да даде значаен позитивен придонес во унапредување на женското претприемништво што ќе придонесе за економско и социјално јакнење на целокупното општество.

Галерија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Информираме дека на ден 24.12. 2021 година (петок) во (Мултимедијален Центар „Киро Глигоров„ Штип), со почеток во 14.30 часот, ќе се одржи Конститутивна седница на Советот за социјална заштита на Источен плански регион.

Советот за социјална заштита на Источен плански регион го сочинуваат сите градоначалници на единиците за локална самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион и сите директори на центрите за социјална работа, од општина на подрачјето на планскиот регион.

На Конститутивната Седница ќе се расправа по следниов:

ПРЕДЛОГ ДНЕВЕН РЕД
за работа на конститутивната седница на
Советот за социјална заштита на Источен плански регион

  1. Конституирање на Советот за социјална заштита на Источен плански регион
  2. Предлог Деловник за работа на Советот за социјална заштита на Источен плански регион
  3. Избор на Претседател на Советот за социјална заштита на Источен плански регион
  4. Предлог за потребата од развивање на социјални услуги во планскиот регион, видот и начинот на воспоставување на услугите

Со почит,

Центар за развој на Источен плански регион 

Покана за состанок до здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Источен плански регион

До
  • Еколошко друштво ЗДРАВЕЦ 2002 Македонска Каменица;
  • Здружение за екологија и заштита на животната средина ЕКО ТИМ ИСТОК Кочани;
  • Невладина организација КХАМ Делчево;
  • Здружение за рурален развој Локална Акциона Група МАЛЕШ – ПИЈАНЕЦ с.Негрево Пехчево;
  • Здружение за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА Штип
Врз основа член 21 став 13, став 14 и став 15 од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ бр.24/21 и 174/21) и член од 6 став 2, став 3 и став 4 од Одлуката за распишување на Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Источен плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години бр. 02-350/1 од 19.11.2021 година, Претседателот на Комисијата за спроведување на јавниот повик за избор на член во Советот за развој на Источен плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години, упатува: 

Покана за состанок до здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Источен плански регион

Почитувани, Како апликанти по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Источен плански регион, ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА СОСТАНОК, за ден 22.12.2021 година, со почеток во 10:00 часот, во просториите на Центар за развој на Источен плански регион на адреса: ул.„Ванчо Прќе“ бр.119, кат 2, 2000 Штип. На состанокот можат да учествуваат и одлучуваат (одлучувањето се однесува на здрженијата кои ги исполнуваат критериумите од јавниот повик) само овластените лица на здруженијата или лица ополномоштени од нив кои се должни да достават:
  • полномошно за учество (апликантите кои не ги исполнуваат условите од јавниот повик) на состанокот на здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Источен плански регион, во оригинал со печат и своерачен потпис од овластеното лице, или
  • полномошно за учество и одлучување (апликантите кои ги исполнуваат условите од Јавниот повик) на состанокот на здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Источен плански регион, во оригинал со печат и своерачен потпис од овластеното лице.
На состанокот, пријавените кандидати кои ги исполнуваат критериумите од јавниот повик, со мнозинство гласови одлучуваат кој од нив ќе ги преставува во Советот за развој на Источен плански регион, како член – претставник од здруженијата, без право на глас, со мандат од 4 (четири) години. Здруженија кои ги исполнуваат критериумите од јавниот повик се:
  • Еколошко друштво ЗДРАВЕЦ 2002 Македонска Каменица;
  • Здружение за екологија и заштита на животната средина ЕКО ТИМ ИСТОК Кочани;
  • Невладина организација КХАМ Делчево;
  • Здружение за рурален развој Локална Акциона Група МАЛЕШ – ПИЈАНЕЦ с.Негрево Пехчево.
16.12.2021 година Со почит, Комисија за спроведување на Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Источен плански регион – претставник од здруженијата Претседател, Никола Илиев

Одржана работилница за воспоставување на меѓуопштинска соработка

На 16.12.2021 година во хотел Изгрев во Штип, во рамките на проектот „Пост-КОВИД: општините како двигатели на одржливиот развој“ спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) во соработка со Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа, Центарот за развој на Источен плански регион организираше работилница за Mеѓуопштинска соработка наменета за учесниците во проектот „Дигитализација на општинските услуги во Источен плански регион“.

На работилницата претставниците на општините, како и претставниците на Центарот за развој на Источен плански регион со експертската поддршка на професорот Мемет Мемети имаа можност да разменат искуства и да разговараат за конкретната форма за меѓуопштинска соработка преку која ќе се реализира овој проект.

Целта на проектот е зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа преку поддршка на иновативни модели на соработка утврдена во Законот за локална самоуправа како и/или постоечките законски облици на МОС како алатка за спроведување на политиката за регионален развој и подобрена испорака на услуги кон граѓаните.

Галерија